Тотенхем може да го продаде дефанзивецот, Санчез, на Галатасарај. 27-годишниот фудбалер не е вклучен во плановите на Постекоглу и затоа планира да си замине.
Колумбиецот наводно ги договорил личните услови со турскиот состав а двата клуба допрва ќе треба да ја прецизираат трансферната сума.
Според медиумите во Англија, преговорите течат во добра насока и веројатно договорот ќе биде постигнат.