Легендата на чилеанскиот фудбал, Алексис Санчез изрази желба да игра и на Светското првенство во 2030 година.
„Малкумина Чилеанци играат во Европа на ниво, јас и уште неколку други. Доколку можам да придонесам и сум во добра физичка кондиција, секогаш сакам да бидам во националниот тим. Би сакал да одам на уште едно Светско првенство со чилеанската репрезентација; тоа ќе биде во 2030 година, кога ќе имам 42 години. Треба да бидам во добра физичка и ментална форма – тоа е знак на професионализам“, рече Санчез.

