Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, е најновиот играч кој е во лоши односи со менаџерот, Жозе Мурињо, пишува весникот -„Сан“.
Незадоволството кон Специјалниот го достигнало врвот откако Чилеанецот беше заменет на мечот со Валенсија (0:0) во Лигата на Шампионите. Тој на пет натпревари започна како стартер но, само на еден одигра 90 минути. Покрај тоа на Санчез не му се допаѓа позицијата на која го става Мурињо. Тренерот го пушта да игра десно на нападот додека негова желба е да игра на спротивниот дел од теренот.
29-годишниот играч кој и претходно имал конфликти со Португалецот, бара начин да го напушти Јунајтед, се вели меѓу другото во текстот на – „Сан“.