Преселбата на играчот од средниот ред на Борусија (Д), Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед е блиску до комплетна реализација. Како што објавија англиските медиуми, денеска 21-годишниот репрезентативец на Англија ќе биде подложен на лекарски прегледи во базата на Манчестер Ј.
За време на Еуро 2020 клубовите објавија дека постигнале принципиелен договор за трансфер на Англичанецот. Износот на трансакцијата е 85 милиони евра.