Шпанските, но и медиумите во Германија најавуваат дека е можен сензационален трансфер.
Во случај Барселона да не може да се договори со ПСЖ за Нејмар, поради оние 170 милиони евра што ги бара ПСЖ кои се премногу, тогаш би можеле да го ангажираат Џејдон Санчо и тоа за 100 милиони евра, а може оваа сума да биде намалена доколку Ансу Фати замине во Борусија Дортмунд. Колку сето ова е реално да се изведе останува отворено прашање затоа што Санчо сака да се врати во Премиер лигата, но дали ќе го прифати предизвикот наречен Барселона, останува да видиме.
Со доаѓањето на Санчо во барселона, клубот ќе добие многу помлад играч во своите редови, бидејќи Санчо има само 20 години, додека Нејмар 28 години, а за тоа кој е подобар, секако тоа е вкус на секој поединец и тренер кој ја води екипата.