Џејдон Санчо е суспендиран од тренинзите на Манчестер Јунајтед.
„Санчо ќе тренира индивидуално, далеку од првиот тим, додека не се реши проблемот со тимската дисциплина“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Да потсетиме, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед го пропушти натпреварот од 4. коло од Премиер лигата со Арсенал, а по натпреварот, Ерик тен Хег објасни дека 23-годишниот Англичанец не го импресионирал на тренинзите.
Санчо на социјалните мрежи напиша дека „долго време е жртвено јагне“. Иако објавата беше избришана, очигледно Тен Хаг не му прости.