Фудбалерот на Баерн Минхен, Садио Мане, кој има одредени проблеми во клубот, може да добие понуда да се пресели во шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Хилал.
Сенегалецот очигледно не се адаптираше на условите во Германија и затоа може да биде ставен на транфер-листата, посебно доколку Баварците ја загубат титулата.
Од друга страна, Ал Хилал е амбициозен да донесе големи ѕвезди од Европа и затоа дури испрати и понуда до Лео Меси но, аргентинецот ја одби.