Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, верува дека неговите фудбалери ќе успеат да ја совладаат Турција и дека во финалето во баражот за СП ќе играат со Италија која претходно треба да се сретне со нашата репрезентација.
„Мораме прво да се фокусираме на натпреварот со Турција. Немаме право на грешка. Ќе играме дома, но, тоа не значи дека сигурно ќе одиме во финале“ – вели Сантош.
„Убеден сум дека ако ќе го покажеме нашиот квалитет ќе играме на Мундијалот“ – потенцираше селекторот на „европските бразилци“.