Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош, гледа со пиетет кон нашите најдобри фудбалери пред последниот бараж меч за пласман на СП во Катар.
„Македонија треба да се почитува. Финале е и се може да се случи. Екипа која ја победи Италија мора да се респектира“ – вели Сантош.
„Искрено, не знаеме што да очекуваме. Станува збор за агресивен тим. Секако дека ја респектираме Македонија. Ги победила Германија и Италија на гости, треба да бидеме внимателни“ нагласи играчот на Сити, Бернардо Силва.