Жоао Сантош, агентот на играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо, проговори за разговори со Барселона, со која Италијанецот беше поврзуван во последните неколку недели.
„Договорот на Жоржињо истекува во јуни, но наш приоритет е да преговараме со Челзи, па работиме на тоа. Барселона? Можеби зборував за него, можеби и други играчи… Бев таму, како и во Мадрид, Лион и Валенсија, бидејќи ова е моја работа“, изјави Сантош.
Да потсетиме, некои извори го нарекоа Жоржињо можна замена за Серхио Бускетс, кој се очекува да го напушти тимот на Барселона во летото 2023 година. Актуелниот договор на играчот од средниот ред со Челзи исто така истекува на крајот од оваа сезона. Доколку играчот не го обнови договорот со лондончани, тогаш во јануари ќе може да преговара со други клубови.