Селекторот на фудбалерите на Португалија, Фернандо Сантош, откако изрази жалење бидејќи го нема на располагање, Кристијано Роналдо, потенцирал, дека ѕвездата на Јуве треба да ја добие наградата – „Златна топка“.
„Нема тим на кој не му недостасува Кристијано Роналдо, кога не игра. Тој е секогаш значаен фактор. Тој е најдобриот играч на светот. Роналдо треба да го добие признанието што го заслужува. Се надевам дека тоа ќе се случи на крајот на годинава кога ќе се додели „Златната топка“. Токму таа титула треба да потврди дека е најдобар на светов“ – изјави Сантош на прес-конференцијата пред денешниот дуел на Португалија против Италија во Лигата на нациите.
Роналдо повторно нема да игра за „европските бразилци“ бидејќи сака максимално да се сконцентрира на настапите за Јувентус и тоа во Лигата на шампионите.
