Медиумите во Португалија пишуваат дека селекторот, Фернандо Сантош, го знае составот кој ќе истрча против Македонија во финалето од баражот за место на Интерконтинталниот собир во Катар.
Промени ќе има само во дефанзивната линија и веројатно во шемата. За разлика од мечот со Турција на кој Сантош играше во формација 4-3-3 истата може да се трансформира во 4-4-2 .
Португалците денеска ќе го имаат последниот тренинг на „Драгао“ по што Сантош веројатно ќе го соопшти и почетниот состав.