Тренерот на Португалија, Фернандо Сантош, е оптимист за претстојниот дуел со Уругвај во 1/8-финалето на Светското првенство во фудбал во Русија. Синоќа “морепловците” одигра само нерешено со Иран и до последен момент стравуваа за пласманот во следната фаза.
„Треба да се подготвиме и ментално и физички за претстојниот натпревар. Не ни беше важно дали ќе играме со Уругвај или со домаќините. Се разбира, постојат разлики меѓу двата тима. Русија може да ужива голема поддршка и да направи одлична работа додека Уругвај нема играчи од светска класа, но Португалија има такви. Имаме оружје со кое ќе се обидеме да ги поразиме“, изјавил селекторот на европскиот шампион.