Сао Паоло има желба да го назначи Андре Виљаш-Боаш за нов тренер. Португалецот замина по скандалот кој се случи на „Велодром“, откако најпрво поднесе оставка поради несогласување со влезниот трансфер направен од управата, а подоцна сопствениците на клубот решија да го разрешат наместо да ја прифатат негова оставка.
Во секој случај, Виљаш-Боаш во моментов е без работа и можеби е во потрага по нов клуб. Во исто време, Сао Паоло го отпушти својот тренер Пауло Динис по серијата од шест натпревари без победа, па клубот итно бара замена.
Според информациите на медиумите во Бразил, Сао Паоло се насочил кон Виљаш-Боаш за нов тренер. Во оваа фаза, сепак, не е јасно дали самиот тренер ќе ја прифати понудата на бразилскиот клуб. Сериозен проблем во преговорите меѓу двете страни може да биде платата на Португалецот, кој во Марсеј добиваше 3 милиони евра по сезона и тешко дека ќе се согласи на помала плата.

