Шведскиот фудбалски интернационалец, Амин Сар, го напушти тимот на Херенвен и за 11 милиони евра се пресели во францускиот состав Олимпик Лион. Тој потпиша договор до летото во 2027 година.
„Тоа е еден од најголемите тимови во Франција. Се надевам дека ќе можам да му помогнам да ги постигне целите“ – изјави Сар на официјалната промоција.
Тој во тековнава сезона во холандскиот шампионат одигра 19 средби и постигна пет голови.