Големата ѕвезда на Челзи Еден Азар, кој ги пропушти последните три натпревари на својот тим поради повреда во грбот, е подготвен да земе учество во неделниот дуел против Кристал Палас.
Ова го откри денес менаџерот на тимот Маурицио Сари, кој додаде дека Белгиецот сеуште нема можност да биде 90 минути на теренот.
„Вчера Азар учествуваше во голем дел од тренингот, но можеби сеуште не е подготвен да игра 90 минути, бидејќи тоа беше неговиот прв тренинг во последните две недели. Веројатно ќе може да биде на теренот 40-45 минути, што е важно за нас”, рече Сари.
Азар ја доби повредата за време на дербито со Манчестер Јунајтед (2:2). Од почетокот на сезоната, белгискиот играч има седум гола и три асистенции во Премиер лигата.