Менџерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, рече дека Еден Азар може слободно да го напушти клубот доколку има таква желба. Белгискиот државјанин кој постојано се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, самиот откри дека сака да игра за европскиот шампион.
„Еден има 28 години и ако сака да замине, може тоа да го направи. Се разбира, јас се надевам дека ќе остане, бидејќи има потенцијал да биде најдобриот играч во Европа”, рече Сари пред натпреварот со Борнемут.
Азар од почетокот на сезоната има 10 гола и 10 асистенции во Премиер лигата.Неговиот договор со Челзи истекува на крајот на наредната сезона.