Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, може да го напушти тимот, пренесува денеска весникот – „La Gazzetta dello Sport“.
Менаџментот на клубот не е задоволен од неговата работа откако имаше проблеми со ѕвездата, Кристијано Роналдо а претрпе и поразот од Наполи во Купот на Италија. Сега според предвидувањата, настапот во Лигата на шампионите ќе биде клучен за специјалистот.
Доколку не стигне до финалето ќе биде заменет со Маурисио Почетино кој претходно го предводеше Тотенхем. „Старата дама“ во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите загуби како гостин кај Олимпик Лион со 1:0.