Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари е подготвен да го направи своето деби во Серија А бидејќи е целосно опоравен од пневмонијата од која страдаше изминативе неколку недели.
Тој ќе го води својот тим од клупата за време на натпреварот против Фиорентина. Искусниот тренер ги пропушти првите два натпревари на „Бјанконерите“ бидејќи мораше да се лекува и во негово отсуство средбите ги водеа неговите асистенти.
Маурицио Сари се појави на официјалната прес-конференција во текот на вчерашниот ден, па тоа укажува дека тој сега е подготвен да ги преземе своите должности како тренер на Јувентус и да го води својот тим од клупата.