Тренерот на Лацио, Маурицио Сари стана првиот стратег по Свен-Горан Ериксон кој успеал да го победи својот лут градски ривал на четири од првите шест средби.
Лацио синоќа ја елиминираше Рома во четвртфиналето на италијанскиоткуп, откако претходно трипати под водство на Сари славеше во меѓусебните дуели со градскиот ривал и само еднаш загуби.
Сари го води Лацио од 2021 година и под негово водство „лацијалите“ моментално се на седмото место во италијанскиот шампионат.