Борусија Дортмунд ќе остане без едно од своите перспективни млади имиња ова лето. Сите информации водат кон заминување на Кристијан Пулишиќ и покрај фактот што и фудбалерот и клубот сакаат соработката да продолжи.
Според британскиот весник „Мирор“, новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари, е цврсто решен да го купи младиот Американец. Пулишиќ не сака да го продолжи договорот со германскиот Бундеслигаш доколку не добие повисока плата и бонуси, па затоа во моментов е отворено прашањето околу неговото заминување од Борусија (Д).
Во игра за неговиот потпис е и Ливерпул, кој од поодамна му фрли око на младиот офанзивен играч. Се зборува дека трансфер сумата ќе биде околу 75 милиони евра.