Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, кој на неделното дерби со Милан заработи црвен картон откако имаше вербална расправија со главниот судија и со Златан Ибрахимовиќ, ќе мора ќе ги пропушти наредните два меча во Серија „А“.
Тоа значи дека 62-годишниот тренер нема да седи на клупата на „лацијалите“ на средбите со Калјари и Торино.
Искусниот тренер ќе ја одлежи казната до 26 септември што значи дека тогаш ќе може да го води тимот на градското дерби против Рома.