Тренерот на Јувентус Торино, Маурицио Сари, по победата од 2:1 на домашниот натпревар од 4. коло на италијанската Серија А со Верона, истакна дека процесот на градење на тимот сè уште не е завршен.
„Можеби имавме некаков ментален замор, затоа што мораше брзо да ги наполниме батериите по натпреварот во Лигата на шампионите. Со многу промени, се губи балансот во играта. Ова беше забележливо во нашата игра. Дибала делуваше многу добро. Рамзи сепак треба да се прилагоди, но ова е сосема нормално во вакви околности. Нашиот тим е во изградба. Забораваме на одбраната и не играме добро кога сме под притисок. Потребно е време за да се ослободиме од тоа“, рече Сари во интервјуто за „Sky Sport Italia“.