Италијанските медиуми денеска тврдат дека Мауруцио Сари ќе седне на кормилото на Лацио и дека ќе потпише договор на 2+1 сезона со плата од 3 милиони плус одредени бонуси.
Неговите примања може да се зголемат доколку „лацијалите“ обезбедат место во Лигата на шампионите. Сари добил ветување од претседателот, Клаудио Лотито, дека ѕвездите на тимот ќе останат и дека ќе бидат ангажирани квалитетни засилувања.
Италијанскиот тренер претходно ги водеше екипите на Јувентус, Наполи и Челзи.

