Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го сподели своето мислење за натпреварот од Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид, кој го одбележа голманот на Лацио, Иван Проведел кој постигна гол во последните минути, што му овозможи на римскиот клуб да дојде до нерешен резултат на овој натпревар (1:1).
„Нашиот гол изгледа како среќа бидејќи го постигна голманот, но не е така. Не заслуживме да го загубиме овој натпревар. Атлетико лесно може да се брани во низок блок. Мислам дека нашата шанса за гол е заслужена. Велат дека не сме најдобри, но победивме, ремизиравме и загубивме против Наполи, Атлетико Мадрид и Јувентус – некои од европските гиганти. Нашиот тим мора да победува и денес се обидовме да го направиме тоа“, изјави Маурицио Сари по натпреварот.

