Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурисио Сари, најави дека Миралем Пјаниќ и Гонзало Игуаин најверојатно ќе го пропуштат денешниот меч со Џенова во рамките на 10-то коло во Серија „А“. Стратегот на „старата дама“ на средбата со новинарите јасно стави до знаење дека не е задоволен од ефикасноста во досегашниот дел од сезоната и дека таа треба драстично да се подобри.
„Ние се прилагодуваме на нов начин на игра и нормално е дека ни треба време. Не ми се допаѓа што постигнавме релативно малку голови. Секако дека треба да бидеме многу порешителни во последната фаза од нападот“ – вели Сари кој патем објасни што се случува со Пјаниќ и Игуаин.
„Проблемот на Пијаниќ не е сериозен, но, ќе видиме дали ќе може да игра. Игуаин доби удар во главата против Лече и мораше да оди на шиење. Мислам дека тој нема да може да игра“ – вели Сари.