Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, признава, дека неговите избраници сосема заслужено загубија на вчерашното дерби на теренот на Наполи во рамките на Серија „А“.
„Одигравме многу лош натпревар. Бевме премногу пасивни, бавни, секој имаше најмалку по пет допири со топката“ – вели тренерот на Јуве кој очигледно не е премногу загрижен што остана без бодови по дуелот со неговиот поранешен состав.
„Јас никогаш не кријам, Наполи има посебно место во моето срце. Ако веќе губам, мило ми е што тоа е од Наполи“ – вели Сари кој токму со потенцираното, ризикува да го навлече бесот на фановите на „старата дама“.