Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека нема информација дали клубот го договорил трансферот на Гонзало Игуаин, иако вчера се појавија веста дека Аргентинецот ќе биде ново засилување на лондончани.
Шпекулациите велат дека напаѓачот треба да се активира на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч до крајот на сезоната а дури потоа лондончани ќе можат да ги откупат неговите права од Јувентус.
„Не можам да ви помогнам околу Игуаин.Јас им кажав на одговорните во тимот какви засилувања ми требаат., Сега ме интересираат само натпреварите, не размислувам на ништо друго“ – изјави Сари.