Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го коментираше поразот на тимот во натпреварот од 37. коло од италијанската Серија А против Каљари. Средбата се одигра синоќа, а Каљари славеше со 2:0.
„Проблемот е што ние сме единствениот тим во Европа што треба да играме 5 пати за 12 дена. Ајде да видиме што ќе се случува утре и дали треба да ангажираме играчи под 23 години на теренот за да може секој да има малку одмор. Денес имаме уште девет повредени играчи, па имаме некои неизвесни за мечот со Олимпик Лион. Ќе видиме кој ќе успее да закрепне до тогаш“, изјави Сари по вчерашниот натпревар.
Јувентус, освојувајќи 83 бода по 37 кола, го зазема 1-то место на табелатаво Серија А и веќе ја обезбеди шампионската титула. На 7 август Јувентус ќе го одигра реванш натпреварот против Лион во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со победата на францускиот клуб со резултат 1:0.