Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го продолжи договорот со клубот.
Како што објави утрово весникот „Кориере дело Спорт“, 63-годишниот стратег потпишал договор до 2025. Официјалното соопштение се очекува наскоро.
Во сезоната 2021/22 „римските орли“ го зазедоа петтото место и обезбедија пласман во Лигата на Европа. Според изворот, Сари ќе зема плата од 3,5 милиони евра годишно.