Маурицио Сари кој во текот на летото се пресели на клупата на Челзи, изјави, дека жали што неговиот колега, Мурињо не остана на кормилото на Манчестер јунајтед. Италијанецот на шега потенцираше дека сака да го види Мурињо повторно како тренер , но, не на неговото место кај „сините“.
„Како што сите знаете, Мурињо освои сè, – секаде! Јас, многу го сакам и почитувам и како тренер и како човек. Тој беше во право кога рече дека Манчестер јунајтед има иднина и без него“ нагласи Сари.
„Многу ми се допаѓа, би сакал брзо да го видам на клупата, можеби во Англија во некој тим, но, никао во Челзи“ – изјави Сари. Манчестер јунајтед експресно на местото на Мурињо го наименува како времен тренер Оле Гунар Солскјер.