Фудбалерите на Лацио вчера загубија на теренот на Фиорентина со 2-1 а нивниот тренер, Маурицио Сари, не крие дека е разочаран од прикажаното.
„Слаба изведба, видов дека тимот има психолошка депресија. Дали јас ги направив трансферите во Лацио? Мислам дека клубот во јули јасно стави до знаење кој го направи тоа. Ако од тебе барам играч А морам да изберам помеѓу Ц и Д… тоа не значи дека сум направил трансфери“ – изјави Сари.
Лацијалите со 40 бодови се наоѓаат дури на осмото место на табелата во Серија „А“.

