Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, по вчерашниот пораз на теренот на Салернитана, најави, дека размислува за заминување од Рим.
Неговиот тим го има дури 10-то место на табелата со само 17 бодови што претставува најслаб почеток на сезоната во последниве 10 години.
„ Во наредните денови ќе размислам за ситуацијата и ако најдам докази дека јас сум виновен за тоа што се случува, прв ќе разговарам со претседателот и ќе си поднесам оставка“ – изјави Сари пред мечот со Селтик во Лигата на шампионите.

