Екипата на Јувентус денеска славеше на домашен терен против Фиорентина со 3-0 во рамките на 22-то коло во Серија „А“. На мечот одигран во Торино, Кристијано Роналдо, имаше блескава партија и постигна два гола од белата точка.
Португалецот сега има серија од девет мечеви на кои реализирал барем еден погодок со што го изедначи рекордот на некогашниот прв стрелец на – „старата дама“, Французиниот, Давид Трезеге. За денешниот ефект на Роналдо проговори и тренерот, Маурицио Сари, кој не криеше дека е презадоволен.
„Роналдо треба да постигнува голови во континуитет. Таквите работи го држат во добра псисхичка состојба. Тој работи одлично и ние очекуваме многу од него“ – изјави Сари.