Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, не е задоволен од игрите на првиот напаѓач, Алваро Мората и затоа ќе се обиде уште во јануари да ангажира нов голгетер.
Шпанецот за година и половина помината во дресот на „сините“ постигна скромни 18 голови што според искусниот стратег е премалку.
Затоа Сари има намера да го ангажира фудбалерот на Џенова, Криштоф Пјатек кој игра фантастично во Серија А и досега во тековната сезона постигна 13 голови во осум натпревари.