Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека клубот треба да одлучи за иднината на напаѓачот Еден Азар.
Договорот на 27-годишниот белгиски интернациопналец е до летото 2020 година. Тој е веќе на списокот на желби на Реал Мадрид.
„Мислам дека треба да го решиме овој проблем, ако сакаме да размислуваме за иднината, мора да го решиме ова прашање, не знам што мисли Азар за тоа, но мислам дека е време да донесеме одлука“, рече Маурицио Сари за „Скај Спортс“.
Во тековната сезона Азар одигра 22 натпревари за Челзи, постигна 12 гола и имаше 9 асистенции.

