Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурисио Сари, имаше чудна изјава во која Лигата на Шампионите ја спореди со Лига Купот на Англија. Таму неговиот состав изгуби во финалето на а италијанецот верувале или не, изјави, дека е потешко да се стигне до финалето во тоа натпреварување отколку до финалето во најелитната европска конкуренција.
„Ако сакате да играте во финалето во Лига Купот ќе морате да се соочите со Ливерпул, Тотенхем…Ние во финалето игравме против Манчестер Сити. Навистина мислам дека е полесно е да стигнете до завршниот меч во Лигата на шампионите отколку до финалето на Лига Купот“ – вели Сари.
Ќе потсетиме дека Англија има две екипи во последниот филтер во „кремот“ на Европа. Ливерпул во 1 /2 финалето ќе игра со Барселона додека Тотенхем ќе оди на мегдан со Ајакс.