Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари зборуваше на теми поврзани со продолжување на фудбалската сезона во Италија.
„Во оваа ситуација, не можеме да зборуваме за фаворити за Скудетото. Сите екипи ризикуваат да загубат поени. Најважно е да се заврши сезоната и ако здравствената состојба тоа го дозволува, треба да ги разгледаме протоколите и да избегнеме да дојде ситуација за карантин до крајот на првенството. Дефинитивно играњето на празен стадион не е пријатно, но силата на тимот лежи во тоа да знае како да се прилагодин на сите услови. Дури и ритамот може да се промени. Недостатокот на навивачи може да ги промени работите, иако добивате впечаток тека темпото е бавно затоа што слушате тишина преку ТВ екраните. Верувам дека ризикот од повреда е многу голем, бидејќи се намалува силата на мускулите на сите. Ние наметнуваме систем на зголемување на носивоста, но тие се пониски од оние што ги имаме во текот на летото. Другиот непознат фактор е следната сезона, бидејќи не можеме да донесеме големи одлуки за подготовките“, рече Маурицио Сари за веб-страницата на клубот.
Јувентус како лидер во Серија А го очекува рестартот на сезоната во Италија.