Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, не беше многу задоволен од нерешените 1:1 против Ајнтрахт Франкфурт во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа, но сметаше дека можело да биде полошо.
„Резултатот 1:1 не е толку лош, и јас сум повеќе задоволен од настапот на играчите отколку со резултатот. По 25 минути почнавме да играме подобро. Претходно, се обидовме да го задржиме 0:0, бидејќи знаевме колку е опасен противникот на домашен терен и на стартот на мечот. Игравме подобро и во втората половина. Затоа мислам дека заслуживме да победиме, но 1:1 како гостин не е толку лошо. Имавме три или четири шанси, моравме да постигнеме гол во една од нив. Треба да бидеме внимателни на реваншот и да играме како што го направивме тоа во Франкфурт на крајот од првиот и почетокот на вториот дел. Повторувам дека тие се многу опасни кога играат и на гостински тере”, рече Сари по натпреварот.

