Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сари:„Единственото нешто што ми се допаѓа е резултатот“
    Фудбал

    Сари:„Единственото нешто што ми се допаѓа е резултатот“

    risteBy riste09/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, не беше воодушевен од победата на својот тим со 1:0 над БАТЕ (Борисов) во Лигата на Европа. Оваа победа практично ги пласираше Лондончани во фазата на елиминации, но италијанскиот тренер рече дека е задоволен само од резултатот, но не и со играта на неговите фудбалери.

    „Јас сум само среќен со резултатот. Не игравме многу добро. Не сум среќен со првата половина од мечот, се движивме премногу бавно. Тешко ни беше да создадеме опасности во нападот. Ние бевме подобро во вториот дел, но во последните 15 минути повторно ја пропуштивме иницијативата. Само резултатот ми се допадна. Во овие услови не беше лесно да се игра добра игра. Мислам дека би можеле да покажеме повеќе”, рече Сари.

    Оливие Жиру го постигна победничкиот гол и стави крај на серијата натпревари без постигнат гол. Тренерот рече дека е среќен за него.

    „Мило ми е за него, тој е важен играч за нас. Знам дека секој напаѓач сака да постигне гол. Ова е важно за неговата самодоверба. Добро е што продолжуваме. Ние треба уште еден бод за да бидеме први во групата, тоа е нашата следна цел. Потоа ќе размислиме за следната фаза од ова натпреварување во февруари”, додаде италијанецот кој го води тимот на Челзи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Бенитез преговара со Лидс

    08/02/2023

    Лорис нема да оди на операција

    08/02/2023

    Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд

    08/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Томбазис ќе биде задолжен за Ф1
    • Популарната велосипедска по две години ќе започне на „Чизмата“
    • Бенитез преговара со Лидс
    • Лорис нема да оди на операција
    • Гоце Георгиевски: „Со добра одбрана можеме да победиме и со 5 гола разлика“
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.