Италијанските медиуми објавија попладнево дека Спортскиот арбитражен суд ја прифатил жалбата на Милан поради забраната за играње во Лига Европа.
Одлуката треба да се официјализира во наредните часови. Со неа, на „росонерите“ ќе им биде дозволено да играат во Лига Европа дури од наредната сезона 2019/20.
Пред објавувањето на одлуката на Спортскиот арбитражен суд, претставникот на Милан, Марко Фасоне, истакна дека членовите на судот ги дознале сите детали и дека имаат многу елементи да донесат позитивна пресуда за италијанскиот состав.