Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сасуоло ќе му го продаде Сенси на Интер
    Фудбал

    Сасуоло ќе му го продаде Сенси на Интер

    risteBy riste11/05/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Генералниот директор на Сасуло, Џовани Карневале, потврди дека нивниот играч Стефано Сенси ќе биде продаден во Интер. 24-годишниот играч од средниот ред моментално игра во Интер како позајмен играч, но со своите настапи стигна и до италијанската репрезентација.

    Играчот од средниот ред ја започна сезоната многу добро, но потоа се повреди и влегувањето на Кристијан Ериксен во форма го спречи да продолжи со главната улога во тимот.

    „Интер ќе го купи Сенси. Сè е договорено. И ние во Сасуоло наскоро ќе започнеме преговори за продолжување на договорите“, рече Карневале.

    На прашањето дали кризата ќе влијае на договорот со Стефано Сенси, директорот на Сасуоло одговори: „Некаде може да паднат цените на играчите, но не и на нашите играчи. Цената останува иста како што беше пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот“ заврши Карневале.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.