Извршниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, најави дека клубот сериозно ќе ги разгледа сите понуди за евентуалната продажба на напаѓачот на тимот, Џакомо Распадори.
„Добивме понуда од клуб од Премиер лигата кој е заинтересиран за него уште од јануари. Но, Распадори е клучен играч за нас. Можна е опцијата со Јуве, но треба да се разговара“, вели Карневали.
Распадори на 28 натпревари оваа сезона во Серија А има 9 гола и 4 асистенции.