Напаѓачот на француска Ница, Марио Балотели може да ја продолжи својата кариера во Италија. По шпекулациите дека неговиот менаџер Раиола преговара со Парма, сега на Апенините се шпекулира дека негова следна дестинација сепак е биде Сасуоло.
Балотели ја потврди својата намера да замине од Ница, па сега е во интензивна потрага на нова средина. 28-годишниот фдубалер минатата сезона на 28 меча за Ница постигна 18 гола и беше едно од највпечатливите имиња во лигата. Сепак, неговата намера е враќање во својата земја, па затоа се очекува наскоро да постигне договор со Сасуоло, кој сериозно е заинтересиран за неговиот ангажман.