Саудиското Министерство за спорт во почетокот на месецов објави дека јавниот фонд (PIF) ќе ја преземе контролата врз четирите најголеми клубови како дел од големата ревизија на саудискиот фудбал.
Целта на проектот е локалната лига да влезе во светските топ 10 што според мислењето на надлежните, треба да ги зголеми шансите да се добие улогата на организатор на Светското првенство во 2030 година.
Дел од програмата е неодамнешниот договор со Кристијано Роналдо кој треба да помогне во промоцијата на Саудиска Арабија. Избраните Ал-Итихад, Ал-Наср, Ал-Хилал и Ал-Ахли се основачки членови на локалната лига. ПИФ ќе контролира 75 отсто од акциите во тие екипи.