Французинот Ерве Ренар синоќа го имаше последен натпревар како селектор на Саудиска Арабија во поразот од 2-1 од Боливија во Џеда. 54-годишниот стратег по мечот ја предаде својата оставка до ФА на Саудиска Арабија, која се согласи да го раскине неговиот договор, кој требаше да истече во 2027 година.
Ренар ја предводеше Саудиска Арабија до историската победа над светскиот шампион Аргентина на Светското првенство во Катар.
Според француските медиуми, сега е прашање на денови кога француската ФА ќе го назначи Ренар за нов селектор на женската репрезентација на Франција.