Македонската фудбалска репрезентација составена главно од играчи од домашното превнство денеска загуби на пријателски меч од Саудиска Арaбија со минимални 1-0.
На мечот со Абу Даби единствениот гол падна во завршницата во 85 минута. Нашиот играч, Љупче Дориев, вели дека сме одиграле навистина одличен натпревар кој беше од затворен карактер.
„Одигравме дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“ – вели Дориев.