Саудиска Арабија направи голема сензација на стартот од СП во Катар откако ја победи Аргентина со 2:1 во првото коло од групата Ц.
И покрај тоа што беа аутсајдер на оваа средба и беа во негатива, сепак успеаа да постигнат два гола и да дојдат до победа. Аргентинците играа добро во првото полувреме, поведоа со голот на Меси од пенал во 10.минута, но не успеаа да ја зголемат предноста до крајот на првиот дел.
Шокантен беше стартот на вториот дел за Аргентина, Салех Ал Шехри во 48.минута го совлада Емилијано Мартинез и донесе израмнување за Саудиска Арабија, а по неколку минути Салем Ал Давсари одлично се проби и погоди за 2:1 предност ан неговата репрезентација. Аргентинската селекција до крајот ан мечот се обиде да израмни , но успеа во тоа.
Полска и Мексико ќе се соочат во вториот меч од оваа група во 17:00 часот.