Германскиот стручњак Јулијан Нагелсман, кој е без работа по отказот од Баерн Минхен, е во сферата на интересите на саудискиот клуб Ал-Ахли, велат германските медиуми.
Според истите, Ал-Ахли има многу опции за оваа позиција, но клубот се уште не постигнал напредни преговори со ниту еден кандидат.
Нагелсман (35) беше тренер на Баерн од јули 2021 до март 2023 година. Со тимот од Минхен ја освои шампионската титула на Германија и два германски Суперкупа. Претходно Нагелсман работеше и за РБ Лајпциг и Хофенхајм.
Претходно беше објавено дека Нагелсман е еден од двајцата кандидати да го замени Ханс-Дитер Флик во германската репрезентација. Вториот беше тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер.