Саудиското Министерство за спорт одвои 17 милијарди фунти (19,6 милијарди евра) за трансфери, објави новинарот Бен Џејкобс на Твитер.
Да потсетиме дека ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Роберто Фирмино, Едуард Менди и други веќе се преселија во првенството на Саудиска Арабија. Претходно беше објавено дека Ал-Хилал е подготвен да му плати на ПСЖ за Мбапе 300 милиони евра, а на самиот 24-годишен напаѓач да му даде договор на една година со плата од 700 милиони евра.
Новата сезона во првенството на Саудиска Арабија започнува на 11 август, а до тогаш може д аочекуваме уште некој голем трансфер во клубовите од Саудиска Арабија.